Мешана салата за совршен почеток на зимските денови

Мешана салата за совршен почеток на зимските денови

Се ближи зимата, па вистинско време е да направите големи количини туршија.

Состојки:

  • 9 кг зеленчук (зелка, пиперки, зелени домати, морков, кромид…)
  • 1 л оцет
  • 3 л вода
  • 1 винобран (10 гр)
  • 150 гр сол
  • 200 гр шеќер

Начин на подготовка:

  1. Рецептот е за количина од 9 килограми зеленчук, но течноста е сосема доволна за повеќе од 10 кг. 
  2. Зеленчукот добро измијте го. Изрендајте ја зелката, а пиперките и зелените домати исечкајте ги на тенки парчиња, односно листови. Сè ставете во еден поголем сад и добро измешајте. 
  3. Измешајте оцет, вода, шеќер, сол и винобран и веднаш залијте го зеленчукот. Малку измешајте… Се чини дека има малку течност, но за десетина минути зеленчукот ќе „падне“. Нека стои 24 часа. 
  4. После 24 часа салатата ставете ја во добро измиени тегли. Важно е добро да стиснете, за во теглите да не остане течност. Затворете ги теглите.

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text