Совршен ручек: Пилешко во млеко

Совршен ручек: Пилешко во млеко

Пилешко во млеко – идеална комбинација за совршен ручек!

Состојки:

  • 1 цело пиле (околу 1,5 кг)
  • морска сол
  • свежо мелен црн бибер
  • 1 лажичка цимет
  • 1 веза свежа жалфија
  • кора од два лимони
  • 10 чешниња лук
  • 500 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 190 степени. Посолете го и побиберете го пилешкото, ставете маслиново масло и путер во огноотпорен сад и пржете го пилето десетина минути од секоја страна. 
  2. Ставете го пилето во сад за рерна, додајте млеко, цимет, листови жалфија, кора од два лимони и лук. И печете околу час и половина. 
  3. Пилешкото е спремно, послужете го со сос од млеко.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text