Паприкаш со ќофтиња: Неодоливо јадење на лажица

Паприкаш со ќофтиња: Неодоливо јадење на лажица

Вкусен ручек за целото семејство!

Состојки:

  • 250-300 гр мелено месо (мешано свинско и јунешко)
  • 1/2 кг компири
  • 1 главица кромид
  • 1 зелена пиперка
  • 1 помал домат
  • масло
  • сол
  • бибер
  • 1-2 чешниња лук
  • 1 морков
  • магдонос
  • ловоров лист
  • 1 лажичка брашно
  • мелена пипер

Начин на подготовка:

  1. Во меленото месо додајте сол, мелен бибер и пипер. Лукот издробете го во чинија па додајте две лажици вода и добро измешајте и процедете. Течноста ставете ја во меленото месо и сè добро изедначете. Направете ќофтиња. 
  2. На масло пропржете ситно сечкан кромид и сечкана пиперка па додајте сечкан и излупен домат и него малку издинстајте го па додајте пипер и компири. 
  3. На крај додајте ќофтиња. Налијте вода и гответе околу 50 минути. На крај додајте брашно измешано со малку вода. 
  4. Посолете и додајте малку зачин. Оставете уште малку да врие. Исечкајте на крај магдонос.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*