Рецепт за сончоглед салата

Рецепт за сончоглед салата

Ако ви здосадија салатите кои секојдневно ги подготвувате, пробајте ја оваа интересна салата со сончоглед.

Состојки:

  • 4 варени јајца
  • 200 гр сува сланина Пекабеско
  • 200 гр шунка Пекабеско
  • 200 гр сончоглед
  • 1 чаша павлака Пекабела
  • 3 лажици мајонез
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка сечкан магдонос
  • 1/2 лажичка бибер

Начин на подготовка:

  1. На сува тефлонска тава препечете ги семињата сончоглед, благо да поруменат од сите страни. 
  2. Во сад изрендајте шунка, додајте ситно сечкана сланина, изрендајте јајца, додајте сончоглед, павлака и мајонез. 
  3. Сите состојки соединете ги, па посолете и побиберете и додајте сечкан магдонос. 
  4. Оставете ја салатата на студено место да се соединат вкусовите.

Послужете и уживајте!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*