Голема наградна игра на Пекабеско: „Пекабета за цело семејство“

Голема наградна игра на Пекабеско: „Пекабета за цело семејство“

Најголемиот домашен производител на сувомесни производи, Пекабеско од денес започна со организација на голема наградна игра: „Пекабета за цело семејство“.

Три најсреќни семејства ќе одат во најубавите забавни паркови во Европа и тоа: забавниот парк Lisberg во Шведска, забавниот парк Phantasialend во Германија и забавениот парк Parque Warner во Шпанија.

Секоја недела ќе се доделуваат и телефони Samsung Note 9, ваучери од Kares во вредност од 10.000 денари, потоа маици, торби и капи Пекабета, како и друштвени игри Меморија.

Секој кој сака да учествува во наградната игра потребно е од 15.10 до 16.12 да купи една или повеќе Пекабета паштети и кодот од фискалната сметка да го испрати на 149 941 и порака со следнава содржина: тараба, број на фискална сметка, празно место, час и минута на купување – пример #____ (број на сметка) __:__ (час и минута на купување).

Производи кои учествуваат во наградната игра се Пекабета кокошја паштета, Пекабета кокошја пикант паштета и сет 2+1 Пекабета кокошја паштета кои можат да се купат низ цела Македонија. Цената на CMC порака изнесува 5,9 денари со вклучен ДДВ, а фискалната сметка задолжително треба да се зачува.

Правилата за наградната игра може да ги прочитате детално на следниот линк: http://www.pekabesko.com.mk/b/17/nagradna-igra-pekabeta

Пекабета паштетите се најновиот член на Пекабеско семејството и се првите домашни паштети со премиум квалитет. Пекабета не содржи конзерванси и е направена од квалитетно кокошкино месо.

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*