Сочни кременадли од рерна: Тајната е во една состојка

Сочни кременадли од рерна: Тајната е во една состојка

Совршено одат со пире од компири…

Состојки:

  • 2 кременадли (може и повеќе)
  • масло
  • сол
  • бибер
  • сув зачин
  • 1-2 лажици брашно
  • малку кари
  • малку сенф
  • 1 лажица ајвар
  • 1 чешне лук

Начин на подготовка:

  1. Кременадлите добро исчукајте ги, посолете, додајте зачин, бибер и сенф па секоја извалкајте ја во брашно. Пропржете на масло да поруменат од двете страни. 
  2. Во тоа масло пропржете малку брашно па додајте ајвар и една шолја вода. 
  3. Премачкајте тепсија со масло па наредете ги кременадлите и прелијте ги со таа мешавина. Преку исечкајте лук. 
  4. Печете на 200-220 степени околу 40-45 минути. 
  5. Сервирајте со пире од компири.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*