Крем супа од рендан компир: Евтино јадење со богат вкус

Крем супа од рендан компир: Евтино јадење со богат вкус

Топла чорба која ќе ве воодушеви со вкусот…

Состојки:

  • 400 гр компири
  • 50 гр путер
  • 2-3 пиперки
  • 1 коцка за супа
  • 2 јајца
  • 100 гр презла
  • малку магдонос
  • 1/2 лажичка мелен ким
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Ставете околу литар и половина вода да зоврие. Додајте путер, а потоа и претходно излупен и изрендан компир. Ставете и ситно исечкани пиперки. 
  2. Растворете коцка бујон и ако е неопходно додајте уште малку сол. Намалете ја јачината на огнот и гответе околу 10 минути на тивок оган. Јајцата пенасто разматете ги и измешајте ги со презла, па во тенок млаз додајте во омекнатиот компир. 
  3. Засилете го огнот повторно да зоврие, па тргнете од рингла и зачинете со ким. Пред сервирање секоја порција збогатете ја со ситно сечкан млад кромид и коцки леб.

Уживајте во богатиот вкус!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*