Цариградска чорба: Најубавото турско варено јадење

Цариградска чорба: Најубавото турско варено јадење

Феноменална комбинација…

Цариградската чорба се прави од пилешко месо и бамија која е задолжителен дел од многу турски специјалитети.

Состојки:

  • 300 гр пилешки гради
  • магдонос
  • 500 гр бамија
  • 50 мл оцет
  • 5 моркови
  • 1 корен целер
  • 200 мл кисела павлака Пекабела
  • 1 лажица црвена пипер
  • 2 лажици брашно
  • 2 главици кромид
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Во тава со загреано масло испржете ситно сечкан кромид. Кога ќе омекне, додајте коцки пилешко месо, ситни парчиња морков и коцки целер. Посолете, побиберете, додајте црвена пипер, брашно, 2 л вода и измешајте. 
  2. Во друг сад со врела и посолена вода, во која сте додале оцет, обварете бамија, па додајте ја во тенџерето со чорбата и оставете да се готви 30 минути.

     

  3. Измешајте ситно сечкан магдонос и кисела павлака, па додајте во чорбата. Нека се готви уште минута, па тргнете од оган. Уживајте во феноменалниот вкус!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text