Вкусно пилешко во павлака со шампињони

Вкусно пилешко во павлака со шампињони

За следниот ручек подгответе вкусно пилешко во павлака со шампињони.

Состојки:

  • 600 гр пилешко бело месо
  • 200 гр свежи шампињони
  • 100 мл масло
  • 200 мл павлака за готвење Пекабела
  • 1 лажица зачин
  • малку сол
  • бибер
  • 2 лажици пармезан
  • малку магдонос
  • 1/2 лажици брашно
  • 100 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Белото месо исечкајте го на коцки па посипете го со зачин. Загрејте масло во длабока тава па ставете го месото и пропржете 10-15 минути. Исечкајте ги шампињоните на листови. 
  2. Кога месото ќе биде готово, извадете го, па на маслото пропржете ги шампињоните кои претходно сте ги посолиле. Кога шампињоните ќе бидат готови соединете ги со месото, павлаката и вода. Додајте малку бибер и магдонос. Кога ќе зоврие, разматете брашно во малку вода и додајте го во сосот. На крај додајте пармезан. Подготвеното јадење послужете го со тестенини.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text