Туна салата готова за 2 минути – здраво и сочно предјадење

Туна салата готова за 2 минути – здраво и сочно предјадење

Здраво и сочно предјадење – може и за вечера!

Состојки:

  • 600 гр компир
  • 1 главица кромид
  • 2 лажици маслиново масло
  • 150 гр Тимко туна (конзерва)
  • 4 лажици вински оцет
  • 1 лажичка сенф
  • 2 лажици мајонез
  • сол
  • бибер
  • зелена салата за сервирање

Начин на подготовка:

  1. Компирите сварете ги во лушпа. Варените компири излупете ги и исечкајте ги на кругови. Додајте ситно сечкан кромид, 2 лажици млака вода и масло.
  2. Туната ставете ја во посебен сад, изгмечете ја со вилушка, потоа додајте ја во садот со компири.
  3. Добро измешајте сенф, мајонез, оцет, сол, бибер. Со таа мешавина прелијте ја салатата од туна со компири, измешајте и послужете со зелена салата.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text