Деликатес на денот: Пилешко во кремав сос од млеко

Деликатес на денот: Пилешко во кремав сос од млеко

Направете супер пилешко месо во сос од млеко, совршено за со спанаќ или пире компир.

Состојки:

  • 1 пиле (1,5 кг)
  • 10 чешни лук
  • 500 мл. млеко
  • 2 лимони (кора)
  • 1 лажиче цимет
  • морска сол и бибер, жалфија

Подготовка:

  1. Се загрева рерната на 190 степени, па се става сол и бибер на пилето.
  2. Се става маслиново масло на тава и се пржи пилето.
  3. Се пржи 10 минути од секоја страна.
  4. Се става во рерна, се додава млеко со сите зачини, рендана кора од лимон и ситнет лук, па се пече час и половина на 200 степени.
  5. Се служи топло.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

singlepost_text