Супер вкусна и лековита пилешка чорба со ѓумбир.
Состојки:
- 80 гр. резанки за супа
- 1 лажица маслиново масло
- ½ главици кромид
- 1 лажиче ѓумбир рендан
- 1 морков исечен
- 2 лажици соја сос
- 2 коцки пилешка супа
- 1 чешне лук
- 1 шолја грашок
- 50 гр. исечено пилешко
- 1 шолја млеко
Подготовка:
- Се загрева во голем лонец масло и се додава ситно исечениот кромид и лук, па морков и ѓумбир, се динста.
- Се разматуваат коцките за супа во топла вода, се ставаат во лонецот и се додава соја сос, па се остава да зоврие.
- Се додава пилешкото ситно сечено, грашокот, па се намалува температурата и се остава да врие додека не омекне месото.
- Се додаваат резанките и млеко на крај, па зачини.
- Може да ставите и босилек за подобар вкус.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи