Зимница: Тиквици во масло

Зимница: Тиквици во масло

Збогатете ја својата зимница со сочни тиквици во масло, во чиј богат сос ќе уживате во студените денови.

Состојки:

  • 1 кг тиквици
  • 1 л масло
  • 1 л оцет
  • 5-6 зрна бибер
  • 2 парчиња ловоров лист
  • 4 зрна каранфилче
  • сол
  • зачини по вкус

Начин на подготовка:

  1. Исчистените тиквици исечкајте ги на тенки кругови. Во зовриен оцет во кој сте додале зачини гответе ги тиквиците 3-4 минути, тргнете од рингла и во тој сад оставете ги тиквиците на студено два дена. 
  2. Извадете ги од оцетот, исцедете и наредете ги во чисти тегли. Налијте масло, така што тиквиците ќе бидат сосема покриени и наредните неколку дена проверувајте дали треба да додадете масло. Затворете херметички и стерилизирајте половина час во загреана рерна.

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*