Вкусен и евтин појадок, готов за брзо време.
Состојки:
- 1 пакување готови кори
- 2 шолји јогурт
- 3 јајца
- малку масло
- прстофат прашок за пециво
Подготовка:
- Се матат јајцата во сад пенасто па се додава јогурт и сол и прашок за пециво.
- Се кинат корите за пита ситно и се ставаат во смесата, па се додава малку масло да не се лепи.
- Така корите ставете ги во калапи за мафини, ставете си и малку сусам, оригано, ленено семе, ким, што сакате по вкус.
- Се печат на загреана рерна на 220 степени 15-20 минути.
- Се проверуваат со чепкалка дали се готови.
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука