Топло, ароматично и вкусно: Печени јаболки со ореви и карамел прелив

Топло, ароматично и вкусно: Печени јаболки со ореви и карамел прелив

Топли и сочни јаболки со карамел прелив и суво овошје за совршени есенски ноќи.

Состојки:

  • 5 јаболки
  • 50 гр. сечени ореви
  • 50 гр. суво грозје
  • малку џем од кајсии
  • 300 гр. шеќер
  • 50 гр. маргарин
  • 100 гр. павлака

Подготовка:

  1. Се мијат и длабат јаболките па се става малку џем во нив, сечени ореви и шеќер. Се става и суво грозје.
  2. Се покриваат со фолија и се печат на 200 степени во плех со хартија 30 минути.
  3. Се топи на оган шеќерот, се додава маргаринот и павлака и се соединува, па се прлеиваат печените јаболки, се ладат да се стегне карамелот, па се служат.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

Неговото височество: Топло – ладен колач

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Брз колач со јаболка

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Најдобар рецепт за домашен чизкејк

Чоко кокос коцки

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*