Еве како да подготвите костени дома – највкусни се на скара

Еве како да подготвите костени дома – највкусни се на скара

Ако се одлучите за печење на шпорет, пржете ги во тава. Засечете ја кората на секој костен, а потоа ставете ги во тава, додајте малку вода и повремено протресувајте. Кората ќе се раствори, а костените ќе добијат убава боја.

За подготовка во рерна, секој костен засечете го со нож по средината, а потоа пропрскајте ги со вода и ставете ги да се печат. За подоцна убаво да се лупат, додека се жешки ставете ги на влажна крпа да отстојат неколку минути.

Подготовката во микробранова е наједноставна и најбрза. Секој плод засечете го и ставете ги во микробранова на максимална температура и по минута-две извадете ги.

Во микробранова може и да се варат. Засечете ги на ист начин, ставете ги во сад со вода, прекријте ги со хартиена салфета и готови се за околу 5 минути.

На скара пак се највкусни. Кога со нож ќе им ја засечете кората, подредете ги на алуминиумска фолија која претходно сте ја избоцкале на неколку места. Тоа ставете го на решетката од скарата и печете додека не добијат убава боја.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text