Вкусна чорба со тиква, омиленото есенско јадење на секој од нас.
Состојки:
- 500 гр. тиква
- 1 лажица маргарин
- 1,5 л. бујон од зеленчук
- 1 кромид
- 1 дл. павлака
- малку сол, бибер, чили…
Подготовка:
- Се сече ситно кромидот и се сече тиквата на ситни делови.
- Се растопува на тава маргарин и се става кромидот, се динста, па кога ќе добие убава жолта боја се става тиквата со зачините, па се динста пак 5 минути.
- Се става бујон и се вари додека тиквата убаво не омекне.
- Се додава потоа слатка павлака кога ќе омекне и се крчка уште 1-2 минути, па се трга.
- Се става потоа цела чорба во блендер, а ако немате убаво се мати со жица.
- Совет: При служењето може да извадите парченца запечен леб или брускети, како и сланина.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи