Пиперки полнети со три вида сирење

Пиперки полнети со три вида сирење

Вкусни пиперки полнети со три вида сирење и павлака…

Состојки:

  • 1 кг пиперки
  • 350 гр рикота сирење
  • 250 гр фета сирење
  • 50 гр пармезан
  • 50 гр кисела павлака
  • 2 јајца
  • 4 чешниња лук
  • маслиново масло
  • босилек
  • оригано
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги пиперките и исчистете ги од семки. Во поголем сад измешајте ги сите три видови сирења, додајте јајца, ситно сечкан кромид, малку сол и бибер, кисела павлака, босилек и оригано и добро измешајте. 
  2. Наполнете ги пиперките со смесата и наредете ги во пекач или огноотпорен сад. Прелијте со неколку лажици масло и печете во загреана рерна на 175 степени околу еден час.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*