Повкусни од пиварки: Кокос кифлички – ситни колачи за секоја пригода

Повкусни од пиварки: Кокос кифлички – ситни колачи за секоја пригода

Направете вкусни ситни колачиња со кокос.

Состојки:

  • 200 гр. шеќер
  • 250 гр. кокос
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 250 гр. маргарин
  • 120 мл. млеко
  • 500 гр. меко брашно
  • 2 жолчки
  • шеќер во прав

Подготовка:

  1. Се мати маргаринот со шеќер, се додаваат едно по едно жолчките, па се соединува се убаво.
  2. Се мати посебно брашно со прашок за пециво и кокос, па се става во претходната смеса.
  3. Се додава млекото и се замесува тесто.
  4. Се остава 30 минути во фрижидер и се прават потоа кифлички од него, се ставаат на хартија за печење и е печат 15 минути на 200 степени.
  5. Се ладат па се валкаат во шеќер во прав.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text