Како се готви слатко од дуњи – чекор по чекор (Видео)

Како се готви слатко од дуњи – чекор по чекор (Видео)

Еве како се прави слатко од дуњи.

Состојки:

  • 1 кг дуњи
  • 800 гр шеќер
  • 1 лимон
  • 1 рака ореви по желба

Начин на подготовка:

  1. Дуњите исчистете ги и парчињата ставајте ги во два литри вода во кои сте исцедиле лимони или 1 лимонтус (може и винобран) да не поцрнат. 
  2. Во друго тенџере ставете 2 л вода па тука со решетка вадете ги дуњите од лимонтусот и ставете ги да се готват 6-7 минути. Доколку сте ставиле винобран дуњите прво добро измијте ги под млаз вода. 
  3. Во друго тенџере ставете шеќер, па додајте околу 200-300 мл вода и шпинувајте. Извадете ги дуњите со решетка и ставете ги во шпинуваниот шеќер. 
  4. Гответе околу еден час и кога дуњите ќе станат стакласти, слаткото е готово. 
  5. Можете да додадете и ванилин шеќер доколку сакате. Пред крај исечкајте кругови од еден лимон. 
  6. Слаткото ставете го во врели тегли па свртете ги.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*