Прсти да излижеш: Мини пити од месо (Видео)

Прсти да излижеш: Мини пити од месо (Видео)

Исклучително вкусни мини пити со месо…

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 лажичка сол
  • пипер
  • 500 гр кромид
  • 500 гр кори за пита
  • 3,5 дл кисела вода
  • 130 мл масло

Начин на подготовка:

  1. На масло пржете посолено месо 5 минути, додајте кромид па продолжете 10 минути. Исклучете го шпоретот, додајте пипер, само измешајте па оставете да се лади 15-20 минути.
  2. Подгответе мешавина од масло и кисела вода. Корите пресечете ги на половина па на секоја ставете по 1 голема лажица мешавина од масло и кисела вода. Премачкајте па додајте малку месо, но не претерувајте.
  3. Со голем ражнич или стапче замотајте па спојте ги краевите како што е прикажано во видеото, па наредете на намастен лим.
  4. Со останатата мешавина од кисела вода и масло премачкајте ги мини питите. Би требало да остане околу 1,5 дл. Ставете да се печат на 220 степени наредните 35 минути.
  5. Послужете со јогурт или кисела павлака.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Сашина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text