Полнета мека погача: Вкус кој не се заборава

Полнета мека погача: Вкус кој не се заборава

Фантастичен леб каков што не сте порбале досега!

Состојки:

  • 2 компири
  • 2 јајца
  • 15 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 200 гр сирење
  • 1 мала коцка путер
  • 200 мл млеко
  • 300-400 гр брашно
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Од млекото извадете малку и потопете квасец со шеќер да надојде. Путерот растопете го. Во квасецот скршете јајца, додајте путер и остатокот од млекото, брашното и солта и замесете меко тесто. 
  2. Оставете покриено половина час. Компирите згответе ги па изгмечете ги и додајте изрендано сирење и сè убаво изедначете. Ставете на работна површина посипена со брашно и обликувајте топка и малку извалкајте ја во брашно. 
  3. Надојденото тесто ставете го на маса па развлечете го со раце во круг па во средина ставете топка со компир и со раце преклопете го тестото и притиснете го. На средина малку пробушете го со раце. Ставете во намастен плех па оставете да отстои 15 минути. 
  4. Премачкајте со жолчка и избодете со вилушка. Печете на 200 степени 35-40 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*