Торта со кокос за 15 минути

Торта со кокос за 15 минути

Екстра брза торта, не се пече!

Состојки:

  • 500 гр пишкоти
  • 1,5 л млеко + 200 мл за разматување на пудингот
  • 8 лажици шеќер
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр бело млечно чоколадо
  • 200 гр кокосово брашно
  • 100 гр црно млечно чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Згответе млеко со шеќер, бело чоколадо и маргарин. Посебно измешајте пудинг, густин и 200 мл млеко, па сè заедно згответе во млекото. Гответе околу 3-4 минути со постојано мешање. Поделете на два дела, во еден ставете чоколадо па оставете две минути да се растопи па измешајте. Во другиот дел измешајте 150 гр кокосово брашно. 
  2. Во поголема и длабока тепсија наредете пишкоти, премачкајте со врел кокос фил, повторно пишкоти па чоколаден фил. 
  3. Сè се прави додека филот е врел така што нема потреба да ги потопувате пишкотите. Од горе посипете со 50 гр кокосово брашно, оставете кратко на собна температура да се излади и потоа во фрижидер најдобро до наредниот ден.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*