Здрави како дрен: Домашен рецепт за напивка која лечи настинка и го зајакнува имунитетот

Здрави како дрен: Домашен рецепт за напивка која лечи настинка и го зајакнува имунитетот

Сезоната на настинки и грипови е пред нас, но со оваа напивка можете да бидете сигурни дека вашиот имунитет ќе биде подготвен да ве одбрани од сите болести.

Состојки

  • 1 см корен ѓумбир
  • 3-4 каранфилчиња
  • 1/2 стапче цимет
  • 1 лимон
  • мед
  • 4 дл вода

Начин на подготовка:

  1. Излупете ѓумбир и исечкајте го, па заедно со каранфилчињата и циметот ставете во студена вода и оставете да се готви на слаб оган десетина минути.
  2. Тргнете од оган, поклопете и оставете да отстои уште 20 минути.
  3. Ставете во шолји, по желба засладете со мед и исцедете малку лимон. Напивката се пие топла.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*