Посен паприкаш со грашок: Оброк кој го закрепнува телото, се спрема за 25 минути

Посен паприкаш со грашок: Оброк кој го закрепнува телото, се спрема за 25 минути

Ништо поубаво од домашно готвено јадење, совршено зачинето!

Состојки:

  • 1 тегла грашок од конзерва
  • 1 помал морков
  • 1 помала главица кромид
  • 7 лажици масло
  • 1-2 лажички брашно
  • 2 прстофата мајчина душица
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Загрејте масло и издинстајте изрендан кромид и морков. Штом омекнат ставете грашок, додајте сол и шолја вода, и оставете да врие на тивок оган барем 15 минути, додавајќи зачини. 
  2. Растворете брашно во малку вода и ставете го во тенок млаз со непрекинато мешање. Ако сакате баш густ паприкаш, додајте уште брашно, но имајте во предвид дека ќе згусне штом ќе се излади. 
  3. Откако ќе додадете брашно, нека крчка лесно уште 10 минути. Вкупното време за подготовка на овој паприкаш е околу 25 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*