Шницли во јогурт: Ручек кој ќе ве освои

Шницли во јогурт: Ручек кој ќе ве освои

Вкусен и лесен ручек – феноменална комбинација од јогурт и бело месо.

Состојки:

  • 500 гр пилешко бело месо
  • 4 дл јогурт
  • 100 гр трапист сирење
  • 100 гр лебни трошки
  • 2 лажици магдонос
  • бибер по вкус
  • сол
  • малку масло

Начин на подготовка:

  1. Сирењето изрендајте го крупно, магдоносот ситно исечкајте го, а месото исечкајте го на шницли. 
  2. Во сад измешајте трапист, магдонос и лебни трошки. 
  3. Шницлите посолете ги и побиберете ги, потопете ги во јогурт и извалкајте ги во смеса со трапист. 
  4. Намастете огноотпорен сад со масло, наредете ги подготвените шницли, останатиот јогурт и смесата за панирање прелијте ги преку нив и покријте со алу фолија. 
  5. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Тргнете ја алу фолијата и оставете ги шницлите да се запечат до румена боја.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text