Направете вкусен спанаќ во рерна.
Состојки:
- 1 кг. спанаќ
- 1 главица кромид
- 2 чешни лук
- 150 мл. павлака
- 150 гр. кашкавал
- 2 лажици масло
- сол и бибер
Подготовка:
- Се мие и убаво се чисти спанаќот, па се сечат кромидот и лукот.
- Се загрева масло и се пржат кромидот и лукот, па се додава спанаќ и се динста додека не ја промени бојата, па се чека течноста да испари.
- Се додава павлака со зачини и се меша.
- Се става во сад за печење и се става рендан кашкавал па се пече на загреана рерна на 200 степени додека не се растопи кашкавалот.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт