Вкусна салата во која ќе уживате цела зима.
Состојки:
- 5 кг пиперки
- 2 дл масло
- 2 дл оцет
- 80 гр сол
- 200 гр шеќер
- 2-3 чешниња лук
- 1 кесичка конзерванс
- 1 ловоров лист
Начин на подготовка:
- Пиперките исечкајте ги на коцки. Во тенџере ставете масло, оцет, сол, шеќер, конзерванс и неколку чешниња исечкан лук, па во таа смеса додајте исечкана пиперка и ловоров лист.
- Смесата ставете ја на шпорет да врие 10 минути. Потоа оставете ја да отстои половина час.
- Откако ќе отстои наполнете ги теглите и вашата зимница е спремна.
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути