Запечена боранија

Запечена боранија

Вкусен ручек за целото семејство.

Состојки:

  • 800 гр боранија
  • 2 домати
  • 50 гр суво месо
  • 50 гр презла
  • 100 гр жолто сирење
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици масло
  • сол
  • босилек

Начин на подготовка:

  1. На масло продинстајте ситно сечкан кромид, па во тоа додајте на коцки исечкани домати и исечкан лук. Измешајте, додајте сол, босилек и процедена, 15 минути готвена боранија. 
  2. Сè динстајте 10 минути, потоа ставете во огноотпорен сад посипен со презла, а по врвот наредете парчиња сирење и тенки парчиња суво месо. Запечете во рерна 20 минути на температура од 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт