Имате гости, а не сте купиле доволно леб. Не се грижете, оваа погача е готова за миг!
Состојки:
- 200 гр глатко брашно
- 7,5 гр прашок за печиво
- 1/2 лажичка сол
- 40 гр растопен путер
- 130 гр јогурт
Начин на подготовка:
- Во брашното додајте прашок за печиво, сол, добро измешајте, па додајте растопен путер и јогурт, замесете меко хомогено и нелепливо тесто. Веднаш развлечете го во круг со дебелина од еден прст, преместете на хартија за печење и печете околу 12 минути.
- Совет: Истото тесто можете да го развлечете уште потенко, па од горе да го филувате како за пица по свој вкус.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи