Рецепт за пица во шолја моментално е најголем хит на интернет (Видео)

Рецепт за пица во шолја моментално е најголем хит на интернет (Видео)

Пица која се прави за две минути!

Состојки:

  • 4 лажици брашно
  • 1/4 лажичка прашок за печиво
  • прстофат сода бикарбона
  • 1/4 лажичка сол
  • 3 лажици млеко
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица сос од домати
  • 1 полна лажица рендано сирење
  • 5 листови мини колбас (салама)
  • 1/2 лажичка мешавина од зачини (оригано, босилек, бибер или зачини по желба)

Начин на подготовка:

  1. Прво измешајте брашно, прашок за печиво, сода и сол, па во тоа додајте млеко и масло, па со вилушка сè разматете да добиете тесто. 
  2. Преку тестото ставете доматен сос, сирење, колбас и посипте со зачини. Ставете во микробранова на минута и 10-20 секунди, или додека не забележите дека на топингот се појавуваат меурчиња. 
  3. Уживајте во најбрзиот и највкусен доручек!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*