Направете вкусен кокос колач со незаборавен вкус.
Состојки:
- 5-6 лажици шеќер
- 3 јајца
- 1 кондензирано млеко
- 300 мл. кокосово млеко
- 5-6 лажици кокос
- 1 кесе ванила
Подготовка:
- Во плех округол се карамелизира шеќерот и се распоредува по ѕидовите на садот.
- Се матат три јајца, па додајте кондензирано млеко, кокосово млеко, кокос и ванила. Се меша и се сипува во калапот.
- Се пече на 170 степени додека краевите не се стегнат.
- Се лади и се превртува.
- Се сервира со матена павлака или сладолед.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет