Паштета од печурки

Паштета од печурки

Прекрасен рецепт за паштета од шампињони…

Состојки:

  • 250 гр шампињони
  • 40 гр ореви
  • 30 мл вело вино
  • 100 гр крем сирење
  • 1 главица црвен кромид
  • мајчина душица
  • сол
  • бибер
  • багет за брускети
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Лебот исечете го на 12 парчиња. Распоредете ги на хартија, пропрскајте со маслиново масло и ставете ги на 2-3 минути во печка загреана на 240 степени додека не добијат златна боја. 
  2. Печурките исчистете ги и исечкајте ги на тенки парчиња. 
  3. Црвениот кромид исечкајте го и издинстајте го 5-6 минути на малку масло. Додајте печурки, налијте со бело вино и оставете течноста да испари. Посолете, побиберете и на крај додајте листови мајчина душица. 
  4. Печурките динстајте ги десетина минути. Илзладете ги, а потоа измешајте ги со сирење и ореви. Сите состојки разматете ги со миксер додека не добиете компактна смеса. Паштетата намачкајте ја на брускети и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text