Видео рецепт: Само мешате и имате вкусен појадок – Куглоф со маслинки и салама

Видео рецепт: Само мешате и имате вкусен појадок – Куглоф со маслинки и салама

Вкусен појадок или ручек за сите сетила.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 1 шолја кисело млеко
  • ½ шолји масло
  • сол
  • 3 шолји брашно
  • 1 лажиче сода
  • 150 гр. сирење
  • 5-6 кисели краставички
  • 12-15 маслинки
  • 120 гр. салама по избор

 

Подготовка:

  1. Се матат јајцата со кисело млеко и сода.
  2. Се додава сол, масло, сирење, кисели краставички ситно сечени, салама сечена и маслинки сечени.
  3. Се меша се и се додава брашното постепено.
  4. Се става во подмакан плех смесата.
  5. Се пече на 200 степени.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми