Брзи и евтини: Шарени еклери

Брзи и евтини: Шарени еклери

Супер вкусни и шарени еклери.

Состојки:

  • 1 шолја вода
  • ½ шолји масло
  • 1 шолја брашно
  • 4 јајца
  • 200 мл. слатка павлака
  • чоколадо за глазура и мрвици

Подготовка:

  1. Се загрева водата и се додава масло. Кога ќе зоврие се става и брашното.
  2. Се меша со дрвена лажица и се добива тесто.
  3. Се додаваат едно по едно јајце, па се мати со миксер да нема грутки.
  4. Се прават топчиња на плех со помош на лажица, па се редат на хартија.
  5. Се печат на 200 степени додека не добијат убава златна боја.
  6. Се мати павлаката, се полнат еклерите со шприв, па се растопува чоколадото и се потопува секој еклер, па му се ставаат шарени мрвици.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*