Посно јадење: Полнети суви пиперки

Посно јадење: Полнети суви пиперки

Вкусни полнети пиперки, ќе ги обожавате!

Состојки:

  • 10 суви пиперки
  • 1 праз
  • 2 моркови
  • 3 чешниња лук
  • 100 гр ориз
  • 1-2 домати
  • 100 гр сечкани ореви
  • сув зачин
  • црвена пипер
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете праз и рендани моркови, додајте исечкан лук, пипер, бибер, зачин, измиен ориз, исечкани ореви и сè добро измешајте. 
  2. Пиперките потопете ги во млака вода накратко, па полнете ги со фил. Затварајте ги со кругови домати. Редете ги во тепсија малку намастена со масло. Налијте со вода па гответе околу 20 минути.
  3. Исечкајте уште еден поголем домат, намастете ги малку пиперките, па ставете ги во рерна на уште 15-20 минути да се запечат и течноста да испари. Фантастични се за време на пост, а можат да се јадат и ладни.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*