Супер брзи: Макарони со мелено месо од рерна готови за 15 минути

Супер брзи: Макарони со мелено месо од рерна готови за 15 минути

Лесна и едноставна вечера готова за миг!

Состојки:

  • макарони
  • 300 гр мелено месо
  • 1 лажичка оригано
  • сол
  • бибер
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 моркови
  • 6 печени пиперки
  • 100 гр домати пелати
  • 200 гр кашкавал
  • 5 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Едно пакување макарони згответе во претходно посолена вода со 1 лажица маслиново масло. Останатото масло загрејте го и пропржете ситно сечкан кромид, лук, рендан морков и ситно исечкани пиперки.
  2. Штом малку ќе омекнат, додајте мелено месо, кое претходно сте го зачиниле со бибер, сол и оригано. Мешајте додека месото не се испржи, па додајте и домати. Потоа зачинете по желба. После 5 минути тргнете го сосот од оган.
  3. Во тепсија ставете ги макароните, прелијте со сос, измешајте, посипете со кашкавал и ставете да се пече додека не порумени.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки