Диета за мрзливи: Пијте го овој сок, килограмите сами ќе исчезнуваат

Диета за мрзливи: Пијте го овој сок, килограмите сами ќе исчезнуваат

Пробајте ја оваа напивка која е вкусна, лесна за подготовка, а го забрзува метаболизмот и ви помага да се ослободите од вишокот килограми додека удобно седите во вашата фотелја.

Не велиме дека е добро да заборавите на вежбање, но ако денес баш ве мрзи да се придвижите, има и други решенија!

Состојки:

  • 2 супени лажици мед
  • 1 супена лажица цимет
  • 250 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Препорачаните количини може да се менуваат, но важно е секогаш да користите две мерки мед и една мерка цимет. Подгответе онолку колку што ви е потребно.
  2. Зовријте ја водата. Ставете ја врелата вода преку циметот. Прекријте го садот и оставете го да се олади до температура на која може да го консумирате пијалокот.
  3. Додајте го медот кога пијалокот е изладен. Никогаш не ставајте мед во врела вода, бидејќи топлината ги уништува ензимите и другите хранливи материи на медот.
  4. Испијте половина од пијалокот пред спиење. Другата половина оставете ја во фрижидер и испијте ја наутро – но без претходно да ја подгревате.
  5. Тоа е сè! И запомнете – овој рецепт делува само кога се конзумира на празен стомак.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text