Ситни ќебапи со ориз

Ситни ќебапи со ориз

Вкусен ручек кој ќе го обожавате!

Состојки:

  • 800 гр јунешко месо
  • 2 главици кромид
  • масло
  • сол
  • бибер
  • малку црвена пипер
  • 1/2 главица лук
  • листови целер
  • листови магдонос
  • 2 лажици концентрат од домати
  • малку бибер во зрно
  • 1 морков

Начин на подготовка:

  1. Јунешкото исечкајте го на парчиња. Кромидот и лукот исечкајте ги, загрејте масло и на него ставете кромид, лук, морков, магдонос, целер, парчиња месо, сол и бибер.
  2. Динстајте сè додека не зоврие водата која ќе ја пуштат месото и зеленчукот. Намалете ја температурата, додајте црвена пипер и доматен сос.
  3. Кога месото ќе биде издинстано, сè залијте со вода и оставете да зоврие. Динстајте така додека месото не биде меко, а по желба можете да додадете и малку зачин. Послужете со варен ориз.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*