Можат да се послужат како предјадење или додаток со главно јадење, одлично одат во секоја комбинација.
Состојки:
- 800 гр млади тиквици
- 1 веза магдонос
- 2 лажички рузмарин
- 8 чешниња лук
- 2 дл маслиново масло
- 2 дл сончогледово масло
- 1 дл оцет
- 15 гр лук во гранули
Начин на подготовка:
- Тиквиците измијте ги, не лупете ги, отстранете им ги краевите, па исечете ги на кругови. Секој круг протријте го со малку сол, ставете ги на една крпа, па прекријте со друга за да ја впие течноста која ќе ја пуштат. Оставете да отстојат дваесетина минути.
- Рерната загрејте ја на 200 степени. Плехот обложете го со хартија за печење, наредете тиквици и печете 15-20 минути.
- За маринада измешајте сечкани листови магдонос, рузмарин, масло и оцет, па посолете и побиберете по вкус (додајте лук во гранули ако сакате). Исечкајте и лук па додајте го во маринадата.
- Печените тиквици измешајте ги со маринада и оставете ги да отстојат неколку часа на студено.
- Наредете ги во топли тегли, затворете ги и чувајте ги на ладно место.
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути