Сочни коцки без мака, готови за миг: Без јајца, млеко, путер и ниту еден валкан сад

Сочни коцки без мака, готови за миг: Без јајца, млеко, путер и ниту еден валкан сад

Фантастичен вкус, брза припрема!

Состојки:

  • 1,5 мала шолја остро брашно
  • 3 лажици какао во прав
  • 1 мала шолја шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажичка алкохолен оцет
  • 1 лажичка течен екстракт од ванила
  • 5 лажици масло
  • 1 мала шолја вода
  • чоколадо за украсување

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 180 степени. Намастете четвртаст плех (околу 20 см) и во него измешајте ги првите пет суви состојки. Во смесата направете три вдлабнатини, две мали и една голема. Во едната мала вдлабнатина ставете оцет, во другата ванила и во третата, најголема, 5 лажици масло. 
  2. Сè залијте со вода и измешајте во еднолична смеса. Печете на средна решетка во рерна околу 35 минути. Боцкајте со чепкалка за проверка – ако колачот е готов, смесата не се лепи за чепкалката. Внимавајте само да не го препечете колачот. 
  3. Украсете со чоколадна глазура.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text