Солена штрудла: Комбинација од макарони, павлака и шунка каква што не сте пробале

Солена штрудла: Комбинација од макарони, павлака и шунка каква што не сте пробале

Фина и сочна, одлична за доручек, вечера или ужина…

Состојки:

  • 200 гр макарони
  • 3 јајца
  • 100 гр кисела павлака
  • 200 гр шунка
  • 1 лажица сирење
  • магдонос
  • 2 лажици гриз
  • сол
  • масло
  • тенки кори

Начин на подготовка:

  1. Згответе макарони, изладете па додајте јајца, павлака, сирење, исечкан магдонос, сечкана шунка, сол и гриз па сè добро измешајте.
  2. Првата кора раширете ја па премачкајте ја со масло, преку неа втората кора исто така намачкајте ја со малку масло и по целата кора размачкајте фил со макарони. Дoдајте уште една кора и неа премачкајте ја па свиткајте ги рабовите.
  3. Свиткајте во ролат и ставете во намастен плех. Истото направете го и со останатите кори додека не го потрошите филот.
  4. Премачкајте ги штрудлите со малку масло и по желба посипете со сусам. Печете на 200 степени околу 40 минути. На половина од печењето прекријте со фолија.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*