Пилешка чорба со ѓумбир: Го лечи органзмот, ја враќа силата

Пилешка чорба со ѓумбир: Го лечи органзмот, ја враќа силата

Ви донесуваме рецепт за закрепнувачка и здрава пилешка чорба со ѓумбир, која ќе ви ја врати силата после напорен работен ден.

Состојки:

  • 80 гр резанки за супа
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1/2 главица кромид, исечкан
  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • 1 морков исечкан
  • 2 лажици соја сос
  • 2 коцки за пилешка супа
  • 1 чешне лук
  • 1 шолја грашок
  • 50 гр исечкано бело месо
  • 1 шолја соино млеко
  • малку босилек

Начин на подготовка:

  1. Во голем лонец загрејте масло. Додајте кромид и динстајте додека не омекне. Додајте ѓумбир и морков и уште малку продинстајте. Додајте и лук. 
  2. Потоа во топла вода разматете коцки за супа, ставете во лонецот и додајте соја сос, а потоа оставете да зоврие. 
  3. Додајте пилешко и грашок и оставете да зоврие. Намалете ја температурата и продолжете со готвење додека пилешкото не омекне. 
  4. Додајте резанки и соино млеко. Гответе додека резанките не омекнат. Кога чорбата ќе биде готова додајте босилек, добро измешајте и послужете.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text