Чоколадо, ванила и кокос – лесен колач за секоја пригода

Чоколадо, ванила и кокос – лесен колач за секоја пригода

Направете вкусен колач со ванила и кокос.

Состојки:

  • 6 белки
  • 300 гр. кокос
  • 300 гр. шеќер
  • прстофат сол

Ванила крем:

  • 6 жолчки
  • 8 лажици шеќер
  • 50 гр. густин
  • 300 мл. млеко
  • 350 мл. слатка павлака
  • 1 лажиче екстракт од ванила

Глазура:

  • 200 гр. чоколадо
  • 75 мл. слатка павлака

Подготовка:

  1. За кора пенасто се матат белките со сол, па се додава шеќер и се мати да се добие цврста пена.
  2. На крај се става кокос и се става смесата во плех, па се пече на 160 степени додека не почне да жолтее убаво.
  3. Се вади кората и се лади.
  4. На пареа се растопува слатката павлака со чоколадото, па се премачкува кората.
  5. Се матат жолчките со шеќер, се става и густин.
  6. Се  вари смесата, се лади, се става слатка павлака матена во неа и се меша со оладениот крем.
  7. Се нанесува на кората преку чоколадниот слој.
  8. Се декорира по избор, се лади и служи. МОжете да си ставите шлаг.

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

 

singlepost_text