Шницли со кашкавал, бешамел и презла

Шницли со кашкавал, бешамел и презла

Вкусен ручек за сите сетила, месо со совршени додатоци.

Состојки:

  • 4 шницли свински
  • 600 гр. карфиол
  • 100 гр. кашкавал
  • 100 гр.путер
  • 65 гр. брашно
  • 250 мл. млеко
  • презла за поховање
  • масло
  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Се обарува главицата карфиол во солена вода.
  2. Се става сол и бибер на шницлите и се обработуваат со чекан, па се валкаат во брашно и се пржат на загреано масло и путер.
  3. Се вадат и редат во тава со масло.
  4. Се става на тава 50 грама путер да се стопи, се додаваат 25 гр. брашно и се меша, па се става млеко, сол и бибер и се меша да добие густина.
  5. Се сече обарениот карфиол, се става во бешамелот врз месото, па се ренда кашкавал и се прска малку презла.
  6. Се пече 30 минути на 220 степени.

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

 

 

 

singlepost_text