Супа од печени моркови

Супа од печени моркови

Вкусна и здрава супа од моркови…

Состојки:

  • 500 гр моркови
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1/2 лажичка сол
  • црн бибер
  • 1 лименка пелати
  • 1 лажица мелен ѓумбир
  • 120 гр грчки јогурт
  • свеж коријандер за послужување

Начин на подготовка:

  1. Морковите излупете ги и исечкајте ги на коцки, а кромидот на плочки. Во широк сад за печење обложен со хартија за печење ставете зеленчук и кромид. 
  2. Потоа посолете, посипете со бибер и накапете маслиново масло. Лесно измешајте и распоредете во еден слој па печете во рерна на 180 степени околу 30 минути. 
  3. Печениот зеленчук оставете го да се излади 10 минути, па ставете го во сад за готвење, додајте пелати, сок од лимон и сè иситнете во пире. Измешајте јогурт, мелен ѓумбир, по потреба посолете и додајте малку вода. Супата загрејте ја до точка на вриење.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text