Солени крекери со намаз од младо сирење

Солени крекери со намаз од младо сирење

Неодоливи солени крекери со намаз од младо сирење.

Состојки:

  • 100 гр пирово брашно
  • 100 гр глатко пченично брашно
  • 120 гр путер
  • 200 гр младо сирење
  • малку павлака за премачкување
  • семки по желба за посипување

Начин на подготовка:

  1. Од брашно, сирење, путер и сол замесете тесто. Нека отстои во фрижидер половина час. Рерната загрејте ја на 180 степени. Развлечете тенко па исечкајте на саканите облици – стапчиња, квадрати или кругови. Наредете ги на плех обложен со хартија. Премачкајте ги со павлака па посипете ги со семки, крупна сол или бибер. 
  2. Печете 10-15 минути додека крекерите не поруменат, но не премногу, што ќе зависи од дебелината на тестото. Оставете да се изладат некое време. 
  3. Измешајте сирење со сечкан млад кромид или лук, ротквици. Крекерите јадете ги со подготвениот намаз.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text