Видео рецепт: Кифлички за 30 минути, многу од едно тесто

Видео рецепт: Кифлички за 30 минути, многу од едно тесто

Идеални, меки и брзи. Вкусни кифлички за добро утро, и за цел ден.

Состојки:

  • 30 гр. квасец свеж
  • 1 лажиче шеќер и 1 лажиче сол
  • 180 гр. кисела павлака
  • 100 мл. масло
  • 200 мл. млеко
  • 700 гр. брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 јајце за премачкување
  • фил по желба

Подготовка:

  1. Се загрева млекото се додава шеќер и квасец, се остава да се активира, додека во друг сад се меша брашно 600 грама со прашок за пециво и сол, па се меси со рака.
  2. Се додава во садот со брашно кисела павлака и масло, па смесата со квасец и млекото и се меси тесто.
  3. Можеби ќе ви треба уште брашно за да е меко.
  4. Се дели тестото на два дела, се развлекуваат и се вадат 16 делови.
  5. Се става фил по избор и се мота кифличка.
  6. Се редат на тепсија се премачкуваат со јајце и може да ставите сусам.
  7. Се ставаат на загреана рерна на 200 степени и се печат.

 

Ова е деталниот рецепт: 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

singlepost_text