Брз колач слатка бонбониера: Не се пече, а вкусот е фантастичен

Брз колач слатка бонбониера: Не се пече, а вкусот е фантастичен

Уживајте во прекрасниот вкус на овој посебен десерт.

Состојки:

  • 350 гр мелени бисквити
  • 4 лажици мед
  • 100 гр бело чоколадо
  • 100 гр црно чоколадо
  • 100 гр шеќер во прав
  • 250 гр маргарин со путер
  • 150 гр чоколаден флипс
  • 150 гр чоколадни пралине

Начин на подготовка:

  1. Бисквитите сомелете ги, додајте шеќер во прав, растопен маргарин со бело чоколадо, мед и чоколаден флипс. Сè добро соединете. 
  2. Во плех ставете фолија, па ставете третина од смесата, а потоа наредете чоколадни пралине по средината. Од горе ставете уште една третина од смесата од бисквити, повторно бонбони, па останатите бисквити и добро истапкајте со лажица од сите страни. Оставете да стегне во фрижидер. 
  3. Кога ќе се излади, свртете го плехот, извадете го колачот и тргнете ја фолијата, па прелијте со растопено чоколадо и од горе украсете со сечкан чоколаден флипс.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text