Полнета шунка

Полнета шунка

Вкусен оброк кој се прави прилично брзо.

Состојки:

  • 150 гр шунка Пекабеско
  • 40 гр чајна
  • 200 гр сирење
  • 1 јајце
  • 50 гр маслинки
  • листови магдонос
  • листови босилек

Начин на подготовка:

  1. Премачкајте со масло калкапи за мафини, па обложете ги со листови шунка. 
  2. Издробете сирење, додајте јајце, исечкана чајна и маслинки, потоа зачини, магдонос и босилек. Сè добро изедначете и полнете ја шунката. 
  3. Од горе можете да изрендате малку кашкавал доколку сакате. Печете на 200 степени околу 35 минути убаво да порумени.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*